Драга идна љубов на мојот живот,
Знам. Требаше да пишам порано. Прости ми.
Но, го имам чувството дека мислиш дека воопшто не постојам. Грешиш. И само сакав да знаеш дека сум близу.
Тука сум, на секое ќоше, на улицата, на Фејсбук, во твојата канцеларија, во локалната продавничка, во облик на сосема нов, непознат странец.
Воспоставивме контакт со очите во автобусот.
Те видов во диско додека беше со друштво.
Те следам на Инстаграм.
Но, не е вистинското време, барем не сè уште. И сигурно се прашуваш зошто.
Не е фер што мораш да чекаш толку долго, да одиш на слепи состаноци, да искусиш лош секс, да се задоволиш со несреќни врски, да се чувствуваш неразбрано, да плачеш од осаменост, да ги виткаш рацете околу перницата додека едвај заспиваш навечер…
Извини љубов. Заслужуваш објаснување. Еве го.
Ми требаше долго време да сфатам дека ова е реалноста, но барем ти ја пишувам вистината.
Ова се причините зошто до сега не се запознавме, по некојси мој распоред:
1. Не ја отфрлив листата на особини кои треба да ги имаш.
2. Моментално сум со погрешна личност.
3. Не сум подготвен да бидам сакан безрезервно.
4. Затоа што мојот живот е хаос, мислам дека ќе ме одбиеш.
5. Сè уште верувам дека драмата е израз на љубовта.
6. Постојано го држам мозокот преокупиран и не му дозволувам на срцето да се искаже.
7. Имам потреба да се состанувам со погрешни сè додека не разберам што барам.
8. Нема да научам да те ценам, сè додека животот не ми се одбие од глава.
9. Премногу сум фокусиран на моите потреби.
10. Не знам како да го креирам спокојот во моето срце. Барем не сега.
Очигледно, не сум најдобрата верзија од себеси. Сè уште се откривам. Дури и да се сретневме, не верувам дека ќе ти се допаднев ваков каков што сум.
Биди внимателна и трпелива, љубов.
Знај дека се трудам да ти се приближам. Не го троши времето мислејќи каде сум. Само одржувај го животот возбудлив и исполнет, па кога конечно ќе се сретнеме, ќе успееме да ја споиме радоста која ја носиме во себе.
Знам дека е подолго отколку што очекуваше. И дефинитивно е побавно отколку што предвидуваше.
Но, тука сум. И не одам никаде.
Само не се откажувај од мене.
До нашето среќавање,
Љубовта која сè уште не си ја запознала.