Во оваа диета се пијат по 8 чаши свежо цеден сок од грејпфрут дневно. 250 мл по 8 или вкупно 2 литри сок дневно. Сокот од грејпфрут е неопходен бидејќи делува како катализатор кој го забрзува процесот на согорување на калориите и разградувањето на масното депо. Не се додава ни пак се намалува количеството на сокот.
Кафето се исклучува од вашето мени бидејќи се одразува на балансот на инсулин што пречи на процесот на согорување калории.
Забранета храна:
- Бело брашно и неговите продукти,
- Шеќер , десерти, грицки, торти, чоколади, апсолутно се што содржи шеќер,
- Пржена храна,
- Сол во ограничени количини.
- Менито си го составувате вие самите.Наутро за појадок можете да изберете од следниве намирници кои најдобро е секојдневно да ги менувате:
- 2 варени јајца со парче препечен црн леб,
- Парче препечен црн леб со парче сирење со ниска масленост (50 гр),
- Житарици, а најдобро е да изберете овесни јатки со јогурт,
- Парче црн леб со путер или маргарин,
- 100 гр урда со парче диетален леб,
- Шејк од млеко и банана,
- Овошна салата од јаболко, портокал и киви,
- Чаша млеко со лажичка мед и 2-3 бисквити.
- Пред да почнете со појадокот треба ја испиете првата чаша сок од грејпфрут на гладно.
Ручекот се состои од парче месо и салата. Месото не смее да биде пржено. Дозволено е бело пилешко, мисиркино или риба кои да бидат варени или печени. Не повеќе од 200 гр. Задолжително покрај месото на вашето мени треба да додадете свежа сенонска салата. Најдобриот избор е да биде мешана салата, со цел да конзумирате што повеќе видови зеленчук. Салатата зачинете ја со соја сос наместо сол и лажичка маслиново масло, ленено масло или масло од гроздови семки.
Пред секој оброк се пие чаша сок од грејпфрут. Останатите 5 чаши се распределуваат во текот на денот кога ќе почувствувате жед или глад. Освен сокот треба да конзумирате и други течнести односно вода и зелен чај. Сите други сокови, алкохолни пијалоци, газирани и слично се забранети.
За вечера изберете зеленчук на пареа и гледајте да не биде секој ден исто. Ако чувствувате глад, кон порцијата зеленчук можете да додадете половина печен компир. Пред легнување се пие чаша сок од грејпфрут.
Секојдневно пешачење по 30 минути.