И момците и девојките имаат своја темна страна која ги поттикнува да се претставуваат онакви какви што не се, да лажат и измислуваат. Но, на кој подобро му оди, на момците или на девојките?
10 работи за кои тој ве лаже:
- Слободен сум – мора да проверите, оваа лага може да е единствен начин да биде со вас.
- Не сум пијан – почекајте неколку часа, па ќе дознаете.
- Не сум заинтересиран за врска во овој период – всуштност сака да каже дека не сака да има врска со вас, многу јасно, сака само авантура.
- Не сакам да зборувам за тоа – тоа е исто како кога девојките велат: „Ништо не ми е.“
- Не сум со тебе само заради секс – како тоа, кога постојано ве притиска да разговарате на таа тема?
- Секогаш користам кондом – не верувајте му, неговата лага може скапо да ја платите и двајцата.
- Ќе ја оставам неа заради тебе – нека го направи тоа веднаш, нека не одолговлекува.
- Ќе ти се јавам – чекајте и ќе видите дека дали ќе се сети.
- Не мислам дека е толку убава – секако дека ќе ви годи што нему не му се допаѓа една од најатрактивните девојки, но зошто постојано ја гледа?
- Не гледам порно – како да не, провери во историјата на Интернет пребарувачот и ќе дознаеш колку пати на ден гледа порно.
10 работи за кои таа ве лаже:
- Ти си ми втор – не може да докажете ни дека е лага, а ни дека е вистина.
- Супер беше сексот – како бил супер кога таа е нервозна и разочарана.
- Никогаш не сум помислила да те изневерам – не се потпирајте на оваа реченица, не постои сигурност дека таа ќе ви биде верна.
- Имам само Х килограми, а колку сум дебела – кого се обидуваат да излажат, себеси или вас?
- Секако, може да ми се јавиш – девојките не знаат да кажат в лице не ми се јавувај, но ќе го дознаете тоа кога ќе се обидете да ја добите повторно.
- Ќе се подготвам за неколку минути – дефинитивно најголемата лага, подобро да каже ќе се подготвам за неколку часа.
- Не знам – или не ѝ одговара темата на разговор, или не се согласува со вас, или воопшто и не ве слуша.
- Ммм, колку беше вкусно – кога друг готви и не е важен вкусот.
- Ништо не ми е – очигледно е дека нешто не е во ред, но не сака да каже.
- На попуст го купив – не е, бидете сигурни во тоа!