
Двата хелихоптери на Костурица и синоќа, втор ден по ред летале над потопениот Обреновац. Првиот ден со помош на хелихоптерите биле спасени десет деца.
Она што денес и се случува на Србија, тоа според Костурица е доказ дека живееме во период кога постиндустриското друштво е казнето поради уништувањето на природата, за експериментите кои ги правиме. Ова е гнев од горе, која доаѓа после сето зло кое и го сторивме на оваа планета. Ова е само консеквенца на дивиот прогрес под оквирот на либералниот капитализам…