Хороскопските знаци и летните авантури

popara20 мај, 20141min00
23

Овенот сака авантура
Високите температури, лесната облека и консумирањето алкохол го поттикнуваат Овенот на заведување, особено на плажа. Нивната стравствена природа им овозможува лесно да заведуваат, но и да ги заведат. Немојте да се залажувате, овде не станува збор за длабоки чувства. Додека има хемија летната авантура и бакнежите на плажа ќе бидат интересни, но штом почнете муабети за секојдневните нешта, Овенот ќе исчезне.

Бик е заводник во бар на плажа
Климатизирани простории, удобни лежалки, коктел во рака и згоден турист/ка на соседната маса се идеално сценарио за летна романса со Бик. Следниот чекор во зближувањето е романтична вечера со добра храна, а во авантурата хедонистички ќе уживаат со своите сетила. Тогаш дури и ќе му свртат грб на друштвото со кое дошле на одмор. Лошата работа е тоа што нивните афери кратко траат.

Близнаците сакаат бескрајна забава
Припадниците на овој знак лесно е да ги препознаете. Обично носат минијатурен костим за капење, најгласни се во друштвто и се главните луѓе за забава. Најлесно заведуваат преку спортот, а ако успеете да ги вовлечете во разговор подолг од неколку минути, големи се шансите дека се заинтересирани, но вие мора да бидете подготвени за една активна романса во која постојано ќе бидете во движење и опкружени со луѓе.

Ракот ја претвора аферата во љубов
Припадниците на овој знак долго ќе ја набљудуваат својата „цел“ пред да се одлучат да пристапат, а откако ќе го сторат тоа веројатно ќе бидат малку заљубени. Во романса влегуваат со сериозни намери и за кратко време кај нив се појавуваат длабоки чувства, па тоа морате да го имате на ум ако не сте подготвени за долга врска.

Лав е идеален за летна романса
Опуштени, желни за внимание и љубов, припадниците на овој знак се како создадени за летна љубов. Лавовите изгледаат одлично, па ќе ве заведат со физичкиот изглед. Дури во подлабоки разговори ја откриваат нивната нежна и романтична страна. Со нив ве очекуваат прошетки крај море, вечера на зајдисонце, но и будење во зора на плажа.

Девица сака забава без обврски
Коктел во една, мобилен во друга рака и тотално исклучен мозок – ова е опис на однесување на Девица на одмор. Тие не се склони кон авантуристичко однесување, па во својата глава однапред ќе ги ограничат љубовните авантури на краток рок.

Вагата сака летни романтики
Романтичните припадници на овој знак знаат што се летни романси, но во нив се однесуваат како и во секоја врска и бараат многу романтики, комплименти и заведување. Ретко кога сами ќе пријдат некому, но баш „случајно“ знаат да се најдат на исто место каде што е нивната симпатија. Неколку убави денови поминати со Вага ќе ви донесат убави сеќавања за цел живот, но само за оние кои се подготвени да се потрудат и да освојуваат.

Шкорпиите сакаат освојувања
Гитара, топка и чадор, или било што друго, може да биде реквизит со кој Шкорпиите стапуваат во контакт со потенцијалната „жртва“. Повеќето припадници на овој знак сакаат летни авантури и ретко ги одбиваат, дури и ако другата страна е во сериозна врска или брак. Сепак, би можело да се случи и сами себе да се прелажат, односно место кратка и слатка летна авантура, едноставно да се заљубат во некој што најмалку очекуваат.

Стрелецот сака необични сценарија
Плажата е идеално место за опуштање на припадниците на овој знак, а таму самоуверено ги привлекуваат погледите со своето екстровертно однесување. Можете да ги освоите со покана за банџи џампинг или параглајдерство. Нивните бакнежи се страстни, тие даваат сериозни љубовни изјави, но на тоа повеќе влијае летото отколку чувствата кон симпатијата. Стрелците само уживаат, и многу се добри во тоа.

Јарецот е заводник
Ладнокрвите и промислени припадници на овој знак, секое лето одново заведуваат, па се однесуваат многу слободно и без претерани грижи за последиците од своите дела. Јарецот нема сам да ѝ пријде на симпатијата, туку чека другата страна да го стори тоа. Сексапилот и ослободената страст ги прави Јарците многу посакувани.

Водолијата сака необичност
Читање поезија, свирење гитара или филозофски разговори со чаша вино, се ситуации во кои Водолијата очекува заведување. Нема да ги привлече само некој што добро изгледа, туку битно им е и личноста да поседува шарм и харизма. Сепак, колку и да изгледаат нивните намери посериозни од само летна авантура, нема големи шанси дека подоцна ќе ви се јават пак.

Рибите се сензуални и емотивни
Припадниците на овој знак се летни љубовници кои секој би ги посакал – сензуални, директни и романтични. Заедно можете да одите на нуркање, или само да се држите а рака и да го гледате ѕвезденото небо.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma