
Џорџ Клуни и подарил на девојката Амал Аламудин прстен од 750 000 фунти. Овој пат работите изгледа се сериозни, а вечниот холивудски ерген е повеќе од вљубен во својата идна сопруга.
Откако минатата седмица ја прославија веридбата во друштво на Боно и Синди Крафорд, двајцата беа видени на забава со свои пријатели во Калифорнија. А папараците не престануваат да ја фотографираат раката на убавата Амал, на која се гледа огромен 7 каратов дијамант.

