Над Србија, Босна и одредени делови од Хрватска во предходниот период се формирало поле со низок притисок. Проблемот бил во тоа што големиот циклон бил отсечен од воздушните струии кои вообичаено го поместуваат воздухот од запад кон исток на северната хемисфера. Наместо тоа, циколонот Тамара со денови стоел на исто место, и тоа точно над поплавените подрачја.
Истовремено, извлекувајќи влага од Медитеранот, за да ја врати на Земјата, со што за само 2 дена паднале дождови предвидени за четири месеци. А резултатите од оваа временска аномалија ги видовме.
Експертите сметаат дека оваа последица е поради климатските промени.