
Иако во последно време позираат заедно на различни настани со насмевка на лицето, веќе на големо се шпекулира дека Бијонсе и Џеј Зи наводно се разведуваат.
Според американските медиуми постојат одредени проблеми во бракот помеѓу Бијонсе и раперот, а доколку дојде до развод, тоа ќе биде еден од најскапите во историјата на шоубизнисот и ќе изнесува околу милиарда долари.
Како главна причина за наводниот крај на бракот се наведува неверство од страна на раперот, расправии и љубомора. Исто така се вели дека пејачката отстранила некои тетоважи од своето тело кои имале врска со нејзиниот сопруг.
Постојат проблеми во рајот. Разводот е неизбежен и единствен избор за Бијонсе – се вели во изворот.