
Папата Францис е еден од најпопуларните корисници на Twitter, па сосема нормално е Facebook да посака овој верски врв да има профил и на нивната социјална мрежа. А тоа беше поводот за посетата на претставниците на оваа компанија, на која лицата одговорни за медиумските кампањи на Ватикан, нагласиле дека Папата Францис ќе остане подалеку од Facebook. Како причина за ова ги наведуваат негативните и навредливи коментари кои ќе бидат тешки за контролирање и модерирање.
Нападите и негативните коментари воопшто, се полесни за игнорирање на Twitter, што не е случајот со Facebook. Со што, отворање на профил или фан страна за Папата на оваа социјална мрежа би било залудно потрошено време.
Vatican Insider претходно објави дека официјални лица на црквата најмиле „тим на информатички техничари кои би нашле начин за превенирање на поставување на навредливи или несоодветни содржини на Facebook страница или профил“. Но тоа е невозможно, затоа и не го пронашле.
Веќе постојат повеќе фан страници на Facebook посветени на Папата Францис, но се работи за неофицијални страници.