Наскоро Facebook сам ќе објавува што слушате и што гледате!

popara23 мај, 20141min00
facebook-hashtag

Оваа нова функција треба да се активира, а според почетните поставки е исклучена. Функционира на тој начин што Facebook го користи микрофонот на мобилниот телефон за да препознае која песна ја слушате во моментот или пак која серија ја гледате.

На тој начин ќе можете брзо, без потреба од пишување на нов статус, да споделите која ви е новата омилена песна или пак до каде сте стигнале со Game of Thrones.

Опцијата ќе може да се исклучи во било кој момент со кликот на иконата на горниот десен агол на екранот. Корисниците ќе можат да изберат дали сакаат да ги поделат тие информации со пријателите или не, особено ако слушаат музика или гледаат серија која не е за фалење.

Ако се одлучите да споделите што гледате или слушате, вашите контакти ќе можат да видат полуминутен преглед на песната или емисијата.

Во прв момент апликацијата ќе биде достапна во САД за корисниците на Android, а потоа ќе стане достапна и за iOS како и за останатите корисници во другите држави.

Во текот на минатата година, корисниците на Facebook споделиле повеќе од пет милијарди статуси во кои спомнуваат музика што ја слушаат во моментот или пак филмови и серии што ги гледаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *