Први симптоми за ракот на дојка

popara21 ноември, 20141min00
11

Ракот на дојка е еден од најчестите облици на рак, а се јавува и кај некои мажи. Со години ризикот од појавата на оваа болест се зголемува, но раната детекција може да ви го спаси животот. На што треба да обрнете внимание?

Поголем дел од оние кои се заболени од ракот на дојка се на возраст од 40 години, но болеста може да се развие и кај помладите. Раната детекција кај вторите  пациенти е многу важна, бидејќи ракот може брзо да напредува.

1. Чешање, црвенило и болка

Пречувствителноста на дојката знае да трае и по менструалниот циклус. Сепак, пецкањето кое се чувствува на допир може да укажува на помалку познат тип на рак, кој се дијагностицира кај 3 проценти од сите што се оболени од рак на дојка. Истиот облик на рак може да се појави преку отекување на прстите, чешање и болки. Овој рак брзо напредува и ги блокира крвните жили кои ја хранат кожата поради што доаѓа до црвенило и симптоми на алергиска реакција.

2.Болки во грбот

Кај голем број случаи, пред да се појави друг знак, заболените од рак на дојка чувствуваат болки во грбот, најчесто меѓу плешките. Ова се препишува на болките во мускулите и рбетот. Но, во некои случаи канцерогеното ткиво кое се развива длабоко во градите предизвикува болка околу ребрата.

0540007.48

3. Болки и пречуствителност на пазувите

Студиите покажуваат дека ракот на дојка најчето се шири меѓу лимфните јазли на пазувите. И како што отекуваат лимфните чворови на вратот и грлото, при грип, така и лимфните јазли на пазувите можат да се појават пред да почувствувате промена на градите. Било каква болка на пазувите е доволно сериозна за да отидете на преглед. Ткивото на пазувите може да биде тврдо и компактно или да се појави како тврда грутка.

4. Исцедок од брадавиците или промена на нив

Тумурот најчесто се појавува под брадавиците. Присуството на канцерогени лезии може  да предизвика промена на брадавиците, нејзината текстура, боја и облик. Жените можат да имаат намалено чувство на допир на брадавиците, особено во текот на сексуалниот однос. Уште еден симптом е чудниот исцедок од брадавиците кој може да се појави во форма на: крв, млеко или бистра течност. Ако имате ваков проблем, посетете доктор.

5. Промена на обликот

Некои жени забележуваат голема разлика во обликот на дојките, бидејќи ткивото се вовлекува и поминува на другата страна. Важно е редовно да ги прегледувате вашите гради, за во такви случаи да воочите рзлика. Ако воочите специјалистот ќе ви даде вистинско објаснување за појавата. Раната дијагноза може да ви го спаси животот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma