Се гледа како еден автомобил целосно пропаднал а се назира дека дупката е преполна вода.. Одвреме на време се случа ужасен звук на рушење, полицијата ги советува граѓаните да не се доближуваат бидејќи е можно водата целосно да го повлече и другиот дел од паркингот.
Зад овие паравани има ископано огромна дупка за темели бидејќи во тек се градежни работи, најверојатно поради силното невреме и огромната количина вода дупката се преполнила и ја повлекува со себе и околната земја.
Полицијата ги повикува граѓаните кои ги знаат сопствениците на автомобилите веднаш да им јават за да ги тргнат од ова место.