Секоја година Фондацијата за истражувања во областа на СИДА-та, „amfAR”, организира аукции, а овој пат беше понудено место на летот во вселената на кое ќе биде холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо. Непознат обожавател или обожавателка плати точно 954.000 долари за оваа авантура.
На претходни аукции биле продадени уште три места за летот, за вкупно 3,8 милиони долари.
Ди Каприо и неговите сопатници во 2015 година ќе летаат со вселенскиот брод SpaceShipTwo на компанијата Virgin Galactic и на неколку минути ќе видат како изгледа Земјата од вселената.
Картите за комерцијалното патување во вселената се продаваат по 250.000 долари. До сега повеќе од 700 луѓе си резервирале место. Меѓу нив има и познати личности како што се Ештон Кучер, Анџелина Џоли и Џастин Бибер.
Прв во авантурата ќе се впушти основачот и сопственик на Virgin Galactica, Ричард Бренсон, кој на првиот лет ќе замине со неговото семејство.