
Програмата Skype Translator им овозможува на соговорниците коишто зборуваат со различни јазици да слушаат симултан превод од разговорот, според демо верзијата од програмата која ја претстави извршниот директор на компанијата, Сатја Надeла на технолошкиот собир во Ранчо Палос Вередес во Калифорнија.
„Тоа ќе ни овозможи да разговараме со кого сакаме без јазичните бариери”, вели Надела кој го презема водството на компанијата во настојувањата да го поврати местото предводник во технолошките иновации, откако компанијата цела деценија заостанува зад Apple и Google во областа на мобилните технологии.
Надела новата програма ја опишува како „волшебна”, но смета и дека сега овој истражувачки проект треба да се претвори во комерцијален производ кој на пазарот ќе му биде понуден до крајот на 2014 година.
На прес-конференцијата на Microsoft во рамките на споменатиот технолошки собир бил демонстриран англиско-германски разговор на двајца вработени во компанијата. Според Reuters, еден од учесниците на демонстрацијата кој ги зборува двата јазика оценил дека преводот бил доволно добар за неформални контакти, но не и за деловни контакти.
Функцијата Skype Translator (Скајп преведувач) ќе виде достапна за корисниците во бета-верзија на оперативниот систем Windows 8 до крајот на 2014 година.
Услугата Skype за бесплатни брзи пораки, гласовни и видео повици е дел од портфолиото производи на Microsoft.