
Таа изјави дека сигурно постојат голем број луѓе кои не би сакале да се најдат на нејзиното место.
„Сигурна сум дека постојат одредени аспекти од мојот живот, кои на многумина не им би се допаднале“ – вели 38 годишната Терон.
Актерката веќе неколку месеци е во врска со Шон Пен (53).
„Добро ми беше кога бев сама, но супер е што повеќе не сум“ – вели Терон коментирајќи ја врската со Шон Пен.
Терон и Пен наскоро ќе соработуваат професионално. Имено, Терон ќе глуми во новиот филм на Шон Пен „The Last Face“ во кој ќе се појави и Хавиер Бардем.
