Откриени детали за втората сезона на „True Detective“!

popara28 мај, 20141min00
true-detective-season-1

После првата сезона во која главните улоги ги толкуваа Метју Меконахи и Вуди Харелсон, интернетот се преплави со шпекулации за втората сезона. Најчесто шпекулациите одеа во насока дека ќе има два главни женски ликови и дека Џесика Честејн ќе толкува една од улогите, а воедно и Бред Пит се поврзуваше со серијата.

Пицолато излезе со официјална изјава откривајќи детали за дел од она што може да го очекуваме за следната сезона.

„Во моментов работиме на создавањето на три водечки улоги. Дејството е поставено во Калифорнија. Не во Лос Анџелес, туку на помалку познати локации и ќе се обидеме да прикажеме амбиент слично на она што го направивме во првата сезона.“

Пицолато додаде дека има неколку сценарија за новата сезона, а наскоро треба да започнат со кастингот за улогите, што значи никој воопшто не ги ни контактирал Честејн и Бред Пит.

Како што пишува Vanity Fair, Пицолато многу паметно одигра со промената на бројот на главни ликови за новата сезона, со што во пракса сака да се дистанцира од првата сезона. Триото кое ќе биде присутно во втората сезона ќе претстави нов формат, иако споредбите се неминовни.