Злото е како бумеранг! Кој ќе го фрли, тој ќе го прими!

popara29 мај, 20141min00
12

Во една далечна земја живеел еден цар кој бил многу мудар.

Имал толку љубов и добрина во своето срце,што не можело ништо на светот да го налути и повреди.

Доаѓале луѓе од сите страни на светот со цел да го налутат и докажат дека љубовта не е силна како што верува тој во неа.

Но никој не успевал во таквите намери.

Еден ден некој злобен човек отишол кај царот.Почнал да му зборува и кажува секакви навредливи зборови.

Му кажувал ужасни случки,го претставувал во најлоши изданија,го увеличувал со најгрди слики.

Царот останал потполно смирен,и весел како и претходно.

Кога видел човекот дека царот неможе да се налути,се откажал и го запрашал.

Како може на толку навредливи работи и зборови ти да останеш спокоен и весел.

Царот на тоа одговорил:

Кога ќе отидеш кај некој човек и му однесеш подарок,доколку го прифати човекот – чиј ќе биде подарокот?

На човекот што го прифатил подарокот-одговорил злобниот човек.

А ако не го прифати подарокот тогаш чиј останува да биде?

Би останал да биде мој-одговорил повторно злобниот човек.

Тогаш мудриот цар рекол: ете така е и во нашиот случај. Доколку ги прифатив навредите,ќе беа мои. Но бидејќи јас не реагирав на нив и ги одбив,тие останаа во твоето срце, да бидат твои.