
Петмесечното бебе Арон Иган од Шкотска се удавило во када поради невнимание на своите родители кои се зависници од дрога.
Томас Иган го нашол своето бебе како лежи во када полна со вода и наместо да го извади, тој го оставил внатре.
Кристин Темплетон, мајката на бебето била во станот но едноставно заборавила за синот. Иако шокантната смрт на бебето се случила пред 4 години, дури синоќа бил поднесен детален извештај за целиот случај пред суд.
Првото дете на Томас исто така починало во када во 1985 година.
Судот се уште не објавил пресуда за невнимателните родители.
