Како „машките“ знаци се извинуваат кога ќе згрешат?

popara4 април, 20151min00

Овен
За мажите припадници на овој знак, не претставува проблем да се извинат, како што не му е проблем ни да ве изнервира, затоа што тој е таков – лесно ќе ве налути, но и уште полесно ќе се извини и ќе се потруди да вети дека нема да се повтори… до наредната прилика. Лесно избувнува, особено ако мисли дека не ви е на прво место на приоритети, па не размислува како се однесува, но брзо се кае. Цени дека неговото извинување е доволно, без подароци, затоа што тој ќе се „сервира“ самиот, како најголемо извинување.
Бик
Тешко се лути, но и тешко се извинува. Зарем тој кој секогаш е во право, притоа толерантен и трпелив, може да ве изнервира? Баш затоа што неговиот збор мора да биде последен, тешко му е да сфати дека всушност тој е проблемот и причината за вашиот бес. Доколку сфати, ќе се потруди да го изматеријализира своето извинување со подароци, бакнежи, вечери…
Близнаци
Тој е вербален мајстор за толеранција, од кого многу мажи би требало да го учат начинот на извинување. Со таква леснотија и шарм, ќе клекне пред вас ако треба и ќе бара прошка. Секогаш знае како да се извади од ситуацијата кога е виновен. Полека ќе ве убедува и „поткупува“ со работи кои знае дека ви се омилени и набрзо ќе заборавите дека воопшто сте му биле лути.
Рак
Бидејќи се го погодува, од облачното време до сомнежот кој го почувствувал во вашиот поглед, подложен е на секојдневни промени во своето расположение. Иако често знае да ве доведе до граница на лудило и бес, неговиот инает сепак лесно може да ве натера да се откажете, поради заморот кој го предизвикува неговото детско однесување.
Лав
Колку и да е самосвесен дека погрешил или ве навредил, Лавот сепак ќе ја подигне својата горда глава. Тој не ни сака да дознае дека ве повредил, затоа што сите знаат дека е џентлмен, витез, принц на бел коњ… Затоа тешко ви паѓа улогата која ја имате како „робинка“. Но, насамо, во 4 очи, ќе ве посипе со безброј ласкави фрази и искрени извинувања, се додека не попуштите.
Девица
Со шармантна насмевка на вечно дете, широко отворени, љубопитни очи, искрено, без умилкување ќе ви се извини и ќе ви ја објасни причината поради која сте се налутиле на него. Ќе ви признае дека сте целосно во право што сте се лутеле, па ќе најде начин да се искупи и да ги исполни вашите желби. После сето тоа, ќе сфатите дека повеќе нема потреба да му се лутите.
Вага
Само што дошол од бербер, а вие веднаш дигате врева затоа што задоцни. Освен тоа, влегол во парфимерија да купи пена за бричење, а излегол со најновиот парфем за вас. За извинување. Ќе ве моли да му простите гледајќи ве со тој зачуден тинејџерски поглед (било колку години да има). Единствено ви преостанува да го фатите за уво, да го одведете дома и да му кажете дека треба да се јавува на телефон ако повторно задоцни, што е доста веројатно.
Скорпија
Ако е заљубен, длабоко пати кога знае дека ве навредил, налутил или повредил на било кој начин. И тогаш мажот Скорпија, тој несфатлив и вешт заводник кои жените ги освојува со незамислива леснотија, може да ве врти околу малиот прст. Сепак, колку е вешт на дело, толку знае да биде снаодлив и на зборови: ќе се потруди на сите можни начини да ве убеди да не му се лутите повеќе и да го прифатите неговото извинување. Тоагаш нема да ги жали ни парите ни нервите за да ја постигне својата цел, затоа што тој може да ве држи под контрола, па дури и вашиот бес.
Стрелец
Не се грижите и кога најмногу ќе ве налути и доведе до лудило, мажот стрелец ќе знае како да ви се извини на најшармантен начин. Па, барем во тоа има искуство со жените кои ги оставил на цедило или ги наградувал доколу му покажале своја наклонетост. Треба да му бидете благодарни што сте му го привлекле вниманието, како сирена во море полно со риби…
Јарец
Штом забележи дека макар малку ве повредил или (не дај Боже) налутил, бидете сигурни дека мажот Јарец веќе си замерил сам на себе поради тоа. Како оган под лед, така под неговата фасада на заљубен маж се крие неговата чувствителна душа. Можеби ве занемарил, поради обврски, но тој веќе нема да ве изневери. А, за него тоа е повеќе од извинување.
Водолија
Еве уште еден маестро кога станува збор за извинување, нема да прифати дека е крив иако тоа е така. Ви ги променил плановите, не се појавил, недостапен е на телефон, а вие би го оставиле, само да можевте! И додека бесот во вас помалку се собира и кога ќе дојдете до колуминација, тој ќе ве изненади со цвет во рака и ќе се потруди да ја стопи сантата лед во која сте се претвориле чекајќи го.
Риби
Како сте можеле да помислите дека нему му паднало на памет да ве налути, кога тој само сака да ги исполнува вашите желби. Штом почувствува дека се сомневате во неговата искреност, оправдувања и дека се лутите, мажот риба почнува да бара излез од сето тоа. И секогаш го наоѓа. Неговото извинување е драматично и не би можеле да не му простите.