Пробајте ја новата диета за инстант слабеење – 10 килограми за 20 дена

popara8 декември, 20141min00
24

Потеклото на оваа диета доаѓа од Холивуд – диетата за експресно топење се базира на режимот на разделена исхрана.

Освен што ќе намалите многу килограми, ќе го прочистите истовремено и организмот.  Авторката на диетата вели дека ако доследно и стриктно ги следита правилата и полниот циклус на диетата кој трае 3 недели ќе намалите околу 10 килограми. Основно правило: треба да пиете најмалку по 2 литри вода!

Секој ден, освен четврток, количината на храната е неограничена. Сепак, за подобри резултати, пробајте да се органичите на 2 порци месо и неограничено количество на салата.

 

  • Понеделник – секакво овошје со исклучок на банани.
  • Вторник – секаков вид зеленчук, зачинет со соја сос, оцет или горчица.
  • Среда – Сите видови овошје и зеленчук, со исклучок на банана.
  • Четврток – пет банани со 3 чаши нискомаслено млеко.
  • Петок – варено телешко, пилешко месо или риба на скара со свежа салата.
  • Сабота – телешко и салата.
  • Недела – риба и салата.

 

Тоа е менито за секој ден. Вие самите треба да го распределите по порции кои ќе му одговараат на вашиот организам. Овој циклус се повторува три пати, односно истото мени за овие 7 дена го продолжувате и во наредните две седмици.

Наутро може да си дозволите кисело млеко со малку мусли, ако не можете да издржите и ако ве мачи глад.