Сакате брзо да ослабите? Пробајте го овој чај!

popara1 август, 20151min00
17

Доктор Оз често пати ја фали моќта и благотворните дејства на зелениот чај, особено за прочистување на организмот и одржување на виталноста. Затоа и не не изненадува тоа што токму зелениот чај го употребил како база за пијалок кој ги топи килограмите.
Состојки:
1 литар вода
5 кесички зелен чај
1 портокал
Грст свежо нане
Во врела вода додадете ги кесичките зелен чај и оставете ги околу 3 минути, па оставете да се олади. Портокалот исечете го на кришки со кора. Во голема тегла додадете го чајот, парчињата портокал и нането. Затворете ја теглата и оставете да отстои во текот на ноќта со цел состојките добро да се соединат. Се конзумира половина литар од течноста дневно. Најдобро е да се конзумира пред оброк.