
Овој двосед е придвижуван од 3,0-литарски V6 twin-turbo TSI агрегат со моќност од 375 kW или 510 КС,
и максимален вртежен момент од 559 Nm.
Тоа е доволно за автомобилот кој тежи 1.421 kg да забрза до 100 km/h за само 3,5 секунди,
и да достигне максимална брзина од 309 km/h.
Да напоменеме и тоа дека споменатиот мотор е спарен со 7-брзински DSG менувач и,
4Motion систем со погон на сите тркала, а станува збор за 20-инчни бандажи со 235/35 ZR20 пневматици напред и 275/30 ZR20 одзади.
За сопирање се задолжени 15-инчни вентилирани дискови однапред и 14-инчни во задниот дел.





