Направете природен лек против ешерихија коли

popara4 јуни, 20141min00
1

Ако почувствувате потреба за почесто мокрење и ако тоа биде во комбинација со пецкање, веројатно се работи за уринарна инфекција. Со лековите од природата нема да погрешите, но ако симптомите траат подолго, одете на лекар.
Потребни состојки:
Половина килограм корен од целер
Половина килограм лимон
Изрендајте ги целерот и лимонот (претходно замрзнат за полесно да се ренда), а потоа во садот додадете еден литар вода, покријте со газа и оставете смесата да отстои 24 часа. Следниот ден процедете и добиениот пијалок испијте го во текот на следните два дена.