
Црниот дроб е филтер на организмот и се што внесуваме во телото, било добро или лошо поминува низ овој орган. Ако сакате на својот организам и на црниот дроб да им направите услуга, направете го овој вкусен пијалок кој го чисти телото и ја подобрува работата на црниот дроб.
Состојки:
½ свеж ананас
1 лимон
1 парче свеж ѓумбир
½ филџан свежо нане
1 филџан вода
Лимонот и ѓумбирот излупете ги, ананасот исчистете го и исецкајте ги на коцки.
Овошјето префрлете го во блендер.
Додадете ги и останатите состојки.
Се добро измешајте додека смесата убаво не се изедначи.
Пијалокот префрлете го во стаклено шише и ставете го во фрижидер.
Се конзумира по една чаша дневно помеѓу оброци.