
Ахмед Ал Катиб (35) ја убил сопругата Ранија Алајед (25), а потоа се маскирал со нејзината облека со цел да ги убеди пријателите и семејството дека таа сеуште е жива.
Алајед и претходно се жалела дека сопругот ја малтретира, а потоа го оставила и сакала со децата да се пресели во Англија.
После убиството Ал Катиб ги облекувал нејзините фустани и така шетал низ градот. Тој го користел нејзиниот Фејсбук профил и нејзиниот телефон и комуницирал наместо неа, за пријателите да не се посомневаат.
Тој е осуден на 20 години затвор, а телото на жртвата сеуште не е пронајдено.