Какви жени мажите одбегнуваат?

popara7 јуни, 20141min00
13
Иако можеби некој смета дека мажите “трчаат” по сите жени, вистината е сосема поинаква.

Секако, мажите имаат одредени критериуми кои потенцијалната партнерка треба да ги поседува, а помеѓу понудениот избор, мажите секогаш го избегнуваат следниот тип на жени:

1. Жени кои пијат премногу

Чаша вино со ручек или вечера е прифатливо, но девојка која го прескокнува предјадењето и директно посегнува по текила или друг вид на алкохол, никогаш нема да биде привлечна за мажите. Всушност, факт е дека пијаните девојки се избор на мажите кои не можат да освојат ниту една друга, а оние кои можат, бараат потенцијална партнерка која е во состојба да стои на нозе.

2. Премногу гласни жени

Смислата за хумор е една од главните карактеристики кои мажите посакуваат нивната партнерка да ги поседува, но не во комбинација со гласно “крекање”. Жените кои можат да се слушнат од еден до друг крај во дискотеката, за повеќето мажи дефинитивно се непривлечни.

3. Негативни жени

Овие жени имаат лошо мислење за се, па можат да најдат замерка и за мало слатко кученце во паркот. Мажите сакаат жени кои имаат сопствено мислење, но ако истото секогаш е негативно, тие нема да сакаат да бидат крај нив или пак воопшто да се во присуство на личност која што постојано ќе влева негативна енергија во односот.

4. Лажливки

На сите им се случува да кажат по некоја мала лага, но кога се оди во крајност, тоа воопшто не е прифатливо, ниту пак привлечно. Жените кои постојано лажат, дури и кога за тоа нема потреба, се одбивни за сите затоа што никој не сака покрај себе да има човек во кој нема ниту трошка доверба. Токму затоа и мажите ги одбегнуваат овие жени.

5. Озборувачка

Жените ретко сфаќаат дека некои работи е подобро да се задржат само за себе. Речиси ниту еден маж не го интересираат згодите и незгодите на пријателките на неговата партнерка, колку и тие да изгледаат значајни и интересни за неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *