Магична диета: Намалете 2 килограми за само 7 дена

popara11 јуни, 20141min00
5

После една седмица спроведување на овој режим ќе бидете полесни за 2 килограми, ќе имате повеќе енергија и ќе се ослободите од подуеноста. Јадете три помали оброци и две ужинки секој ден.
Овошје: Можете да ги јадете сите видови. Најдобар избор се јаболка, круши и шумско овошје бидејќи содржат помалку шеќер отколку бананите.
Зеленчук: Јадете што повеќе брокули, марула, тиквици, зелка, спанаќ и останатите видови зеленчук.
Скроб: Дозволена е една порција скробни намирници (тоа е половина компир или половина чаша интегрални житарици) со секој оброк.
Посни белковини: Белки од јајца, пилешко, риба, шкампи, тофу, и мешунки кои долго време ве одржуваат сити. Нутриционистите велат дека е важно да се конзумираат белковини во секој оброк во количина од 80 до 100 грама.
Млечни производи: Пијте секој ден по 3 дл крајво или млеко од соја. Или пак 2,5 дл јогурт или кисело млеко.
Здрави маснотии: Ни една исхрана не е здрава ако не содржи одредена количина маснотии. Но тоа мора да бидат здрави масти – маслиново масло, јаткасти плодови, авокадо. Ограничете ја порцијата на две лажици јаткасти плодови, лажица путер или една четвртина авокадо.