Овошна торта со кајсии

popara11 јуни, 20141min00
12

Состојки

за тесто
• 120 гр путер или мар­га­рин
• 60 гр шеќер
• 1 вани­лин шеќер
• 2 јајца
• 240 гр бра­шно
• пра­шок за пециво
• малку сол
• малку изрен­дана кора од лимон

за фил
• 500 гр кај­сии
• 4 лажици мар­ма­лад од кај­сии
• 2 големи лажици вода

Подготовка
Чекор 1: загрејте ја рер­ната на теме­ра­тура од 180℃. Изме­шајте ги сите состојки за тестото. Од тестото напра­вете топка, замо­тајте ја во про­ѕирна фолија и оста­вете ја во фрижидер.

Чекор 2: полијте ги кај­си­ите со жешка вода, отстра­нете им ја лушпата, пре­се­чете ги на поло­вина и отстра­нете ги сем­ките. Потоа, тестото ста­вете го во калап за торта и израм­нете го.

Чекор 3: врз рам­ното тесто, наре­дете ги поло­вин­ките кај­сии. Во меѓу­време, мар­ма­ла­дот загрејте го со вода и варете сè додека не се рас­топи. Со оваа смеса, пре­лијте ја тор­тата. Печете околу 25 минути. Оста­вете да се излади и сервирајте.