
До појавата на модерните тоалетни школки луѓето нужда обавувале во клекната позиција и речиси воопшто не се соочувале со денешните цревни болести како хемороиди, запек, рак на цревата и Кронова болест.
Со доаѓањето на седечките школки дошле и многу здравствени проблеми.
Според новите студии токму седечката положба во текот на вршење нужда е одговорна за бројни болести на модерното време.
Научниците велат дека класичниот начин на празненење на цревата, седењето на тоалетна школка, е неприродна положба која за потиснување на содржината од цревата бара користење на мускулите на дијафрагмата и непотребно напнување.
Во клекната положба доаѓа до исправување на ректумот, што овозможува едноставно и темелно празненење на цревата, додека со вршење нужда во седната положба содржината на цревата не може потполно да се испразни.
httpv://www.youtube.com/watch?v=pJxhm8KH-68