Моника Селеш се верила со 72 годишен милионер

popara12 јуни, 20141min00
4

Бившата тенисерка Моника Селеш (40) ќе се омажи за милионерот Том Голисан (72).
Тие се во врска уште од 2009 година, но американските медиуми објавиле дека Селеш конечно се верила со својот долгогодишен партнер со кој живее во Флорида.
За Селеш ова ќе биде прв брак, додека Голисан зад себе има три бракови и две деца.
Селеш девет пати во кариерата ја освои гранд слем титулата, а запаметена е како најмладата тенисерка која освоила Ролан Гарос. Тогаш имала 16 години. Таа била најдобра тенисерка на светот во 1991 и 1992 година, но нејзината сјајна кариера ја прекина нападот во Хамбург во 1993 година.
Со нож ја нападна ментално пореметен фан на нејзината наголема ривалка, германката Штефи Граф, после што Селеш не играше две години. Последниот професионалем меч го одигра во 2003 година, а официјално се пензионира во 2008 година.