Што не треба да ставаме во микробранова и зошто?

popara12 јуни, 20141min00
Што не треба да ставаме во микробранова и зошто?

Некои од нив експлодираат, други фрлаат искри, ја расипуваат печката и можат да се запалат, а трети ја расипуваат само храната.
Метални предмети – микробрановите поминуваат низ стакло, порцелан, керамика, хартија и ја загреваат храната во ваква амбалажа. Металните предмети не ги пропуштаат микробрановите. Тие ги одбиваат. Ако загревате храна во метален сад ќе остане студена. Освен тоа ќе се појават и искри. Има опасност и уредот да се расипе.
Јајца – експлодираат. Глетката е интересна, но не вреди за толку чистење потоа.
Пластични садови – некои пластики се соодветни за користење во микробранова – но не сите. Ако садот има ознака дека може да се користи во микробранова, тоа сепак не е гаранција за здравјето. Според некои истражувања дури и вака означените садови испуштаат штетни хемикалии при загревање.

httpv://www.youtube.com/watch?v=c2ivYqToCLQ