
Состојки
за крем од ванила
• 2 јајца
• 50 гр шеќер
• 1 пудинг од ванила
• 2 дл шлаг
• 2 листа желатин (околу 33 гр)
• 1 портокал (изрендана кора и исцеден сок)Подготовка
Ставете го желатинот во вода за да набабри. Изматете ги жолчките со шеќерот на пареа. Садот трегнете го од оган. Изматете го шлагот и додадете кора од портокал. Пудингот од ванила проварете го на оган заедно со сокот од портокал. Спојте ги сите состојки и кремот од ванила е готов.за карамел крем
● 60 гр шеќер
● 1 дл слатка павлака
● малку водаПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ставете го шеќерот во тава и загревајте со постојано мешање, сè додека не почне да се топи. Престанете со мешање и оставете да се истопи целиот шеќер. Шеќерот треба да добие златно-жолта боја. Внимавајте да не се препржи, затоа што во тој случај ќе биде горчлив. Налејте ја слатката павлака (да биде на собна температура) во карамелизираниот шеќер.Чекор 2: варете на умерен оган и додадете малку млака вода со постојано мешање. Целиот карамелизиран шеќер треба да се истопи во павлаката и полека да добива густина и кремаста структура. Тргнете го од оган и оставете малку да се излади.
Чекор 3: во високи чаши ставете ред крем од ванила, па ред крем од карамел. Со мало лажиче малку промешајте за да се испреплетат кремовите.