Погледнете ги најголемите крокодили на светот!

popara14 јуни, 20141min00
Погледнете ги најголемите крокодили на светот!
Постојат неколку видови на крокодили кои се ужасно страшни и опасни, а тие живеат во реките и езерата, но некои од нив можат да се најдат и во морињата!

Просечната должина, на пример на нилскиот крокодил, изнесува околу четири метри. Но, како и кај сите видови, постојат одредени исклучоци кои се издвојуваат со својата големина.

Во продолжение ви ги носиме топ петте најголеми крокодили на светот кои некогаш биле уловени.

1. Густав, нилски крокодил кој со децении ги тероризирал водите на езерото Танганика во Бурунди. За неговата вистинска должина нема прецизен износ, но експертите тврдат дека Густав бил долг околу 5,2 метри.

2. Овој неименуван чудовишен крокодил бил центар на многу измами (вклучувајќи ја и појавата на ураганот Катрин). Тоа што со сигурност го знаеме е дека овој агресивен нилски крокодил бил убиен во безбедносна операција во близина на Pointe Noirea во Конго, во 2003-та година. Неговата должина изнесувала 5,4 метри.

3. Австралискиот гигант од солените води, наречен Касиус, моментално е најголемиот крокодил кој го чуваат во заробеништво. Тој живее во Меланезија, долг е 5,48 метри и се верува дека има 110 години.

4. Брутус, масивен крокодил со три екстремитети, исто така од солените води. Се Се верува дека ја изгубил предната десна нога во борба со ајкула. Брутус е долг околу 5,6 метри и има 1.000 килограми.

5. Ова исклучително суштество е наречено Лолонг, во чест на филипинскиот ловец на крокодили кој ја водел потрагата по него. Се смета за најголемиот крокодил некогаш уловен.

Лолонг се наоѓа во Гинисовата книга на светски рекорди со должина од 6,17 метри. Овој гигантски крокодил е виновен за смртта на огромен број жители.Тој бил ѕвезда во екотуристичкиот парк додека не умрел од срцев удар на 10-ти февруари, 2013-та година.

httpv://www.youtube.com/watch?v=7IYMK22QCMA

httpv://www.youtube.com/watch?v=hdWugHfNTik