
Најевтин европски град за туристите „на буџет“ е Букурешт, кој „дефинитивно не е најубавиот романски град, но во него може да се помине дневно со 17 евра дневно“.
На второто место се наоѓа бугарската престолнина Софија, која е оценета како „многу пријатен град, во кој сите странски туристи се добредојдени“, и во кој дневно ќе ви бидат потребни 18 евра.
Трет најевтин град е полскиот Краков, кој треба да го посетите пред да се кренат цените како во Прага и Будимпешта. Во краков денот можете да го поминете за 19 евра.
Следен на листата е Сараево, каде дневните трошоци се од 19-20 евра, додавајќи на тоа и три „евтини локални пива“, Сараево е „уште еден прекрасен град кој се одбидува да привлече туристи“.
Петти на листата е Киев, каде што денот може да се помине за 20 евра, иако снаоѓањето во него е донекаде отежнато за туристите кои не знаат руски или украински јазик.
Шестото место, исто така со 20 евра по ден, го завзема литванската престолнина Рига, во која хотелите се посебно поволни.
На седмото место се најде Белград. „Во Белград нема да најдете многу актракции за кои се плаќа влез, но ќе најдете жив и интересен урбан центар со атрактивен ноќен живот и примамливи цени“.
На осмото место на најевтини градови се најде Будимпешта, каде што денот чини 25 евра. „Во Будимпешта можете да посетите бројни замоци и катедрали, а термалните бањи се доволни евтини за туристите“.
Следниот град во кој ќе поминете евтино е Варшава, за кој е доволно 26 евра дневно. Полската престолнина станува се попопуларна, иако бројни туристи порадо го избираат Краков.
Десеттото место на листата му припадна на Загреб, кој туристите често го заобиколуваат, за да ги посетат градовите на хрватскиот брег. За Загреб, меѓутоа е доволно 28 евра дневно, што е прилично евтино за европските стандарди, особено во споредба со Италија.