
Сораја Вучелиќ е на прагот да се разболи од анорексија, а старлетата признава дека драстично ослабела како и тоа дека лекарите и рекле дека мора да се здебели најмалку 5 килограми.
Точно е дека драстично ослабнав, немам апетит веќе подолго време. Докторите ме советуваа да се здебелам ако не сакам да имам здравствени проблеми. Многу намирници не јадам, па затоа и ми е тешко да се здебелам, но ветувам дека ќе накачам два до три килограми – вели Сораја, но тоа нема да биде доволно бидејќи според лекарите мора да накачи најмалку 5 килограми.
