
Рускиот претседател Владимир Путин наредил извонредни воени вежби со цел да се утврди воената подготвеност на руската војска.
Овие вежби се покажување мускули од страна на Русија кон Западот и обратно, откако руските и НАТО силите во исто време започнаа со одржување на “воени игри“.
Сатана – гордост на руската нуклеарна тријада
И Русија како САД се потпира на така наречената нуклеарна тријада. Го потврдил тоа и самиот Путин кога изјавил дека нуклеарната тријада составена од стратешки бомбардери, интерконтинентални балистички проектили и балестички проектили кои се лансираат од подморница се основата на руската одбрана.
Еден од проектилите е особено интересен за јавноста – Сатана. Руските медиуми после почетокот на украинската криза ја актуелизираа приказната за ова оружје. Пишуваа како во историјата на човештвото толку моќно оружје како што е Сатана – руска интерконтинентална балистичка ракета, чие вистинско име е R 36M2 Војвода немало. Името Сатана и го дале НАТО.
Бомбата фрлена во Хирошима имала сила од 15 килотони, а нејзината експлозија убила 70 000 луѓе. Сатана носи до 10 боеви глави од кои секоја има сила од 750 КТ. Некои од ракетите се опремени со моноблок со неверојатно разорна моќ од 20 000 КТ.
Сатана е тешка 209 тони, мошне прецизна и може да достигне до американските ракетни силоси.
httpv://www.youtube.com/watch?v=bZZVRfjR5WY
httpv://www.youtube.com/watch?v=YmuyxY5Ev54
httpv://www.youtube.com/watch?v=18Gl75cT2m8