Приказна која го “запали” интернет! 40-годишен орел избира смрт или ново, но болно раѓање!

popara23 јуни, 20141min00
23

По четириесеттата година, неговите долги и еластични канџи ослабуваат, а неговиот долг и остар клун се свиткува…
Митот за орелот кој кружи на интернет е стар исто колку и што постои оваа птица. Се пренесува од генерација на генерација, со цел симболично да се објасни созревањето на човекот. Во тоа време, човекот живеел во многу поголема хармонија со природата, а растењето, животот и смртта можел да ја објасни само преку митови и легенди.
Според овој мит, орелот живее речиси колку и човекот, но само доколку го пројде патот на болното умирање и повторно раѓање. Не се разликува многу од човекот. Некаде околу четириесеттите, ако не и порано, и орелот и човекот одлучуваат по кој пат ќе продолжат, кон предвремената смрт или долгиот, од Бог, даден живот.
Орелот има најдолг животен век кај птиците. Можат да ја доживеат и 70-та. Сепак, да се доживее оваа возраст, орелот мора да донесе тешка одлука.
Кога ќе наполнат четириесет години, неговите долги и еластични канџи ослабуваат, а неговиот долг и остар клун се витка. Старите и тешки крилја, поради збиените перја, го спречуваат во летањето.
Тогаш, на орелот му остануваат две опции – да избере смрт или да пројде низ болниот процес на повторно раѓање кој трае 150 денови. Овој процес од орлите бара да одлетаат на високи врвови, да се вгнездат и да започнат…
Најпрво, орелот го отстранува во целост својот клун од камен. Откако ќе го отстрани, и новиот клун ќе израсне, ги отстранува старите канџи. По нивно закрепнување, орелот ги елиминира натежнатите стари перја. По пет месеци, орелот повторно полетува и живее уште 30 години.
Митот за орелот зборува за промените кои се случуваат во речиси секој од нас во одредена возраст. Многу пати, за да можеме да преживееме мораме да го започнеме процесот на промена. Треба да се ослободиме од некои спомени, лоши навики… само ослободени од товарот на минатото и зајакнатата верба во подобро можеме потполно да ја искористиме и уживаме сегашноста.

Foto: AP