
Изгледа дека овошјето не е здраво во секоја ситуација, бидејќи кога некој ваш близок вака ќе се пошегува со вас, постои опасност да добиете инфаркт, а на ургентен да не можете да објасните што точно ви се случило.
За среќа човекот кој бил жртва на оваа шега не претрпел потешки последици, но сигурно не му било пријатно кога здогледал “пресечен прст“. На преплашениот човек му олеснало кога сфатил дека во прашање е цреша.
Совет: Не правете го ова дома, бидејќи црешата може сериозно да ги влоши вашите семејни или пријателски односи!
