
Ќерката на некогашниот прв човек на Формула 1 Барни Еклестон, 29 годишната Тамара Еклестон, пред три месеци го роди своето прво дете, ќеркичката Софија.
Со сопругот Џеј Рутланд и ќеркичката уживале под Сонцето на Монако.
Во бикини со змиски дезен гордата мама го покажала своето тело после пораѓајот, а судејќи според фотографијата која ја поставила на Инстаграм, нема ни трага дека само пред 3 месеци се породила.
