Мажите се заведуваат на машки начин: Бидете независни!

popara5 февруари, 20151min00
13

Бидете независни, слободни, свои и сите ќе сакаат да бидат во ваша близина, вклучувајќи го и момчето што го посакувате
Однесувајте се како дама, а размислувајте како маж – техника која ја потенцираат како клуч за успех доколку сакате да оставите поголем впечаток кај машкиот свет. Доколку секогаш се трудите, а ретко кога постигнувате позитивен резултат, можеби не е лошо да започнете да ја користите оваа техника. Еве како.
Доволно блиску, но сепак доволно далеку
Секоја од нас најмалку еднаш останала фасцинирана од маж кој го оставил овој впечаток – доволно блиску, но сепак доволно далеку. Тој е тука кога тој сака да биде, а има способност во целост и да исчезне, кога и да посака. Чувството на лична слобода е нешто што мажите навистина го ценат, а и вие исто, откако еднаш ќе го искусите.
Земајте повеќе, отколку што давате
Ве разбираме, сакате да давате и тоа ве прави среќни, но повеќето мажи брзо се заситуваат од жените кои постојано само се трудат. Доколку навистина сакате да бидете среќни, морате да му дозволите и тој да ве импресионира, и не само што ќе уживате во вниманието, туку ќе ја добиете неговата почит, бидејќи ќе знае дека сепак ќе треба малку повеќе да се потруди околу вас.
Планирајте за себе
Се сеќавате ли можеби на некое ваше момче со кое секогаш сте сакале да правите нешто заедно, а тој пак, секогаш имал свои планови кои не ве вклучувале и вас? Тоа однесување морате да го примените и кај себе. Доколку сакате да излезете, слободно направете го тоа, ако ви се патува – патувајте. Тој ќе дојде со вас, доколку е подготвен, а ако не е, ќе отидете сама и нема да седите дома размислувајќи како би можело да ви биде и колку убаво.