Диета за прочистување на организмот: Намалете до 2 килограми за 7 дена

popara5 февруари, 20151min00
15

Овој начин на исхрана овозможува брзо да се намали на тежината, но не е предвидена да се држи подолг временски период
Со оваа диета можете да изгубите дури до 2 килограми неделно. Не е наменета да се применува подолг период, но овозможува да се намалат килограмите за кратко време.
Секојдневен појадок: 1 грејпфрут, 2 јајца (варени), кафе
Ручек:
Понеделник: Овошна салата – користете го било кое овошје и можете да јадете колку ќе посакате
Вторник: Ладно пилешко месо (во голема количина, најдобри се пилешките гради), патлиџан, 1 грејпфрут или портокал
Среда: Две јајца, патлиџан (во неограничена количина), кафе
Четврток: истиот ручек како и за понеделник
Петок/Сабота: Две јајца, спанаќ (во неограничена количина), кафе
Недела: Ладно пилешко месо (пилешки гради, батаци или крилца), ½ чаша салата од компир, зелена салата, патлиџан (во неограничена количина)
Вечера:
Понеделник: Две јајца, мешана салата (по свој избор), 1 парче тост, 1 јаболко, кафе
Вторник: 250 гр. немасно печено говедско месо, патлиџан, зелена салата, краставица (колку што можете да изедете), кафе
Среда: Две кременадли на скара, патлиџан, краставица, пиперки (во неограничена количина), кафе
Четврток: истата вечера како и за понеделник
Петок: Поголема порција на риба (варена, печена или пржена) или пилешко без кожа, салата (во неограничена количина), 1 парче тост, 1 грејпфрут, кафе
Сабота: 250 гр. јунешко месо, салата од патлиџан и краставица, 1 крушка, кафе
Недела: 200 гр. свинско печено месо, 1 чаша тестенини или 2 варени компири, варена боранија или морков, овошен јогурт, кафе