Непознато морско чудовиште се појавило на брегот на Нов Зеланд!
30 јуни, 20140
Главата и забите на распаднатото тело потсетуваат на нешто заплашувачко и праисториско, додека остатокот на телото бил сосема непрепознатлив поради напредниот стадиум на распаѓање.
Морското чудовиште со непознато потекло било откриено на брегот на Нов Зеланд.
Откако водата го исфрлила на една од плажите, се појавиле многу шпекулации за потеклото на ова мистериозно суштество.
Мистеријата веројатно е решена, бидејќи според мислењето на морскиот биолог, Антоан Хелден станува збор за кит убиец, кој често се среќава во овие води.
httpv://www.youtube.com/watch?v=sumif3fCDH4#t=11