
Состојки:
10 ќебапи,
10 компири со големина приближна на ќепабите,
сол,
бибер,
павлака по вкус или кашкавал
Подготовка: Излупете ги компирите, измијте ги и извадете им ја средината доволно за да го собере ќебапот. Зачинете го компирот и одозгора полијте зејтин, а потоа во вдлабената средина ставете го месото. Готовите компири ставете ги во тепсија. Печете на најсилна температура додека месото и компирите не поруменат и пред крајот одозгора ставете павлака или изрендајте кашкавал.