
Толку млада, а веќе ја мрази целиот свет. Тинејџерката од Тексас, Кендал Џоунс (19) предизвикала револт кај голем број луѓе поради својот Фејсбук профил каде поставува фотографии на диви животни кои ги убила.
На нејзиниот профил има доста фотографии каде таа позира со убиени лавови, зебри, носорози, леопарди и многу други животни кои ги убила во Африка.
Револтираните љубители на животни од сите делови на светот тврдат дека се работи за “болна девојка“. Поради нејзините ловни трофеи создадена е и онлајн петиција со цел спорниот профил да биде отстранет. За само една седмица собрани се над 40 000 потписи.


