Што да се јаде за витко тело: Специјална исхрана и рецепт на Кејт Мидлтон

popara4 јули, 20141min00
6

Војвотката Кејт Мидлтон (32) разбуди интерес во јавноста за својот режим на исхрана откако пред ванчавката изгуби значителен број килограми, а особено после пораѓајот кога во рекордно време го доведе своето тело до совршенство.
Војвотката Кејт јаде исклучуво сурова храна.
Овој режим гарантира не само витка линија, туку и сјајна кожа, здрава коса и цврсти нокти.
Основната филозофија на суровата храна се крие во тезата дека термички обработените намирници ја губат својата нутритивна вредност и дека необработената храна е многу поквалитетна и подобра за човечкото здравје.
Пробајте го рецептот за подмладување на Кејт Мидлтон:
3 фиџани лубеница исецкана на коцки
2,5 филџани ананас исецкан на коцки
1 филџан листови свеж босилек
Додадете ги состојките во блендер и измешајте. Пијалокот процедете го низ газа за да добиете чиста течност која ќе го препороди вашиот организам. Се конзумира секое утро за подмладување и прочистување на организмот.