
Апликацијата наречена “BroApp” му овозможува на корисникот безбедно да го помине времето со своите пријатели, додека мобилниот телефон сам испраќа романтични пораки до неговата девојка.
Креаторите на апликацијата која е достапна преку услугата “Android Play Store” објаснуваат дека корисникот сам бира каков вид на пораки телефонот да испраќа.
BroApp е алатка која им помага на “фраерите”. Свесни сме дека мажите се понакогаш многу зафатени за да им испратат порака на своите девојки. Зато смисливме начин да ја изразат својата љубов, дури и во такви моменти – објасниле креаторите од Австралија. Кога за прв пат ќе ја симнете апликацијата, потребнo е да означите која е вашата девојка и самите да осмислите неколку љубовни пораки кои во одредено време ќе бидат испратени на соодветнит број.
Една од главните грижи на корисниците била ситуацијата кога девојката ќе претура по телефонот на своето момче и ќе ја најде апликацијата, но креаторите мислеле на се. Доколку девојката проба да влезе во апликацијата, ќе биде автоматски пренасочена на списокот на подароци кои момчето наводно планира да и ги купи. Реакциите за апликацијата се поделени. Додека еден дел од корисниците сметаат дека е генијална, други тврдат дека некои работи не треба да им се препуштат на овие машини.
httpv://www.youtube.com/watch?v=O_2zr5EYbDk