
Фотографот Брендон Стентон, автор на светскиот феномен, Фејсбук страницата “Луѓето на Љујорк“ сретнал на улица една Њујоркчанка и ја забележал нејзината неверојатна приказна која сакала да ја раскаже веќе подолго време. Добила подршка од милион фанови кои ја следат оваа страна.
Родила дете кога имала 16 години, а од училиште била избркана поради честите отсуства. Околината, вклучувајќи го и нејзиното семејство ја отфрлиле.
Се запослила во продавница за спортска опрема, а подоцна и како рецепционерка во даночна компанија.
Ми дадоа голема одговорност, а јас доста научив за даноците. Набрзо добив понуда за работно место во книговодство во помала фирма за помалку пари. Прифатив бидејќи сакав да напредувам – раскажува таа.
Шест месеци подоцна, ревизорот на таа компанија даде отказ и ми го понудија неговото место. Единствено не можеа официјално така да ме нарекуваат, бидејќи немав диплома.
Пред 5 месеци завршив факултет. Иако родив дете на 16 години, успеав да станам ревизор.
Вака ја завршила својата инспиративна приказна оваа Њујоркчанка која е жив доказ за тоа дека упорноста и трудот секогаш се исплатуваат.