Писмото на изневеренета жена: Ми беше најдобар пријател, а сега…

popara14 јануари, 20151min00
1

Една изневерена жена одлучила на својот сопруг кој со неверството го уништил нивниот 28 годишен брак, да му напише јавно писмо, кое подоцна било објавено на сајтот на Гардијан.
Поминаа 12 седмици откако ја видов онаа ужасна порака која ги потврди моите сомнежи, дека си неверен. Две години се прашував дали сеуште ме сакаш, бидејќи не се чувствував сакана, па понекогаш се сомневав дека ме изневеруваш. Го имав и она чувство дека ме избегнуваш. Секогаш ме уверуваше дека ме сакаш и дека немаш љубовница, поради што повторно станував среќна, макар на кратко.
Сепак го имаше она чувство дека нешто не е во ред, но бидејќи ти ме уверуваше дека се е во ред почнав да се сомневам во сопствениот разум. Ми беше лошо, почнав да добивам панични напади и да станувам анксиозна. Нашите деца почнаа да се прашуваат зошто излегуваш толку често и не поминуваш доволно време со нас. Но ти продолжуваше да бидеш себичен.
Во почетокот, кога те соочив со онаа ужасна порака, тврдеше дека било секс за една ноќ. Иако пораката не ми звучеше како секс за една ноќ, кога повторно те прашав, го добив истиот одговор.
Следниот ден по твоја иницијатива отидовме во брачно советувалиште. Пет минути пред да почне сеансата, ми ја соопшти ужасната вест – дека си во врска 18 месеци.
Мојот свет се сруши. Бев избезумена. Ти беше мојот свет – мојот пријател, мојот единствен љубовник – и тотално ме изневери, ме повреди то тој степен што таа болка не се опишува со зборови.
Следната недела одлучи да бидеш поискрен, и призна дека аферата траела 2 години. Раскажа дека си потришил дел од нашиот семеен буџет за оваа жена и дека секој викенд сте патувале заедно.
Си и купил цвеќе, албум со ваши фотографии и ланче за роденден. Си спиел со неа ден после Валентин. За сето тоа време мене ме лажеше. Имав огромна доверба во тебе.
Таа жена е твоја колешка од работа, и очигледно ја гледаш секој ден, иако рече дека повеќе не се гледате. Не знам дали ќе можам да ти верувам после толку лаги. За жал, нема да знам дали сеуште се гледате, бидејќи можеш да правиш што сакаш, сега кога повеќе не си со мене. Така добро ме насамари.
Продолжи да се однесуваш со мене со презир. Не покажуваш дека ти е жал и дека се каеш за она што го стори, и не покажуваш никакви емоции за мене ни пак загриженост за тоа како се чувствувам – се однесуваш како ништо да не се случило и ни еднаш не заплака.
Ми рече дека не ме сакаш веќе подолго време, што многу ме вознемири бидејќи ни еднаш претходно не го спомна тој проблем, па да можеме да поработиме околу тоа. Бевме заедно 28 години, а тоа се многу спомени кои за миг ги отфрли.
Се е така болно. Уништена сум бидејќи ти одлучи да ставиш крај на нашата врска и што одлучи тоа да го сториш на толку ужасен начин, и што таа ужасна жена ја направи дел од нашите животи.
Велиш дека ти е жал, но тоа се само празни зборови во споредба со огромната болка што ми ја предизвика мене и на нашето семејство. Го изгубив својот сопруг, и најдобриот пријател, и не сум сигурна дали некогаш ќе се опоравам од тагата што ми ја нанаесе.
Твојата жена со скршено срце

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma