Доказ за постоењето на вечната љубов: Во брак се 53 години и се сакаат како првиот ден…

popara9 јули, 20141min00
9

И после 53 години, љубовта помеѓу сопружниците Димитриевиќ, чија слика именувана како “Љубов“ го освои Балканот, не бледнее. Се сакаат и се чуваат исто како и првиот ден…
Ако има љубов, има се, раскажува баба Марица која има 71 година и вредно се грижи како за домаќинството, така и за сопругот Бранислав кој пред две години го изгубил видот.
Иако животните услови не се лесни, во селото Равна и покрај фактот дека живеат сами, виталната бабичка се грижи за сопругот со истата доза љубов како и првиот ден. Откако фотографот Дејан Ѓуриќ ја овековечил и ја нарекол “Љубов“, нивната трогателна фотографија набрзо станува хит на социјалните мрежи.
Бабичката Марица истакнува дека, иако се сами и децата одамна тргнале по својот пат, ништо не и е тешко бидејќи им е убаво кога се заедно.
Доволно е само топло стискање на рацете и веќе ви станува подобро, знаете дека некој е тука и се грижи за вас. Заборавивме да се сакаме и почитуваме. Деца мои, па тоа е најважното! – вели Марица.
Давам љубов, и добивам љубов. Сме имале и ние лоши моменти, луѓе сме, но сето тоа е безопасно и кратко трае…Победува љубовта на крај. И тоа е мојата порака за вас деца, сакајте се, бидејќи љубовта може да ги победи сите животни неволји, вели баба Марица, а ние сосема се согласуваме со неа!

branislav, marica, Foto: dejan đurić