
Кога младоженецот од бившиот дечко на невестата добил USB со нејзини провокативни фотографии, одличил во истиот миг да се разведе.
Развод после првата брачна ноќ не е нешто што се гледа секојдневно. Овој необичен гест се случил во Саудиска Арабија, кога младоженецот од бившиот дечко на невестата добил уред со нејзини провокативни фотки.
Откако ги разгледал спорните слики во хотелот каде се одвивала свадбата, одлучил истиот момент да го поништи бракот.
Се почнало кога бившиот љубовник се заканил дека ќе ги објави нејзините компромитирачки слики, доколку го напушти.
Бидејќи жената решила да се омаже со новиот дечко, нејзиниот бивш емотивен партнер бил немилосрден и го направил она што го наумил.